Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска се сретнал со Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во земјава, со која разговарал на неколку теми меѓу кои се одржлив и модерен здравствен систем, унапредување на превентивните здравствени услуги, поддршка за лицата со попреченост, буџетирање на здравствениот сектор.

На средбата меѓу другото, дискутиравме и за активности за справување со родовото насилство, како и разни услуги за здравствена и социјална поддршка за ранливите групи како дел од обезбедувањето интегрирани услуги, промовирање на здравата исхрана во училиштата, напиша Сали.

Тој потенцира дека упатил голема благодарност за целокупната поддршка во справувањето со Ковид-19, како главна точка на агендата на агенциите на ОН во последните две години, во рамки на која е обезбедена значајна помош и координација за справување со последиците од пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.