Ќе направиме повеќе за инфраструктурата, ќе го направиме патот Градско – Прилеп, за Битола повторно ќе има инвестиции. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи рамен терен за сите за да можат да се натпреваруваат. Ќе направиме спортски комплекс, рече Ѓорѓија Сајкоски, носител на листата на изборна единица 5 на вечерашниот митинг во Битола.

Сајкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ планира да даде и за пензионерите, за сите категории граѓани, ќе има раст од 5 проценти, ќе ја намалиме невработеноста.

Ќе има надеж, ќе направиме почитувана држава од Македонија, пристојна за живот за сите“, кажа Сајкоски.

Сајкоски и со порака до оние кои не гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

„Праќам порака до сите приклучете се кон големата победничка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Твоја Македонија, сите сакаме подобро образование, здравство, судство. Твоја ќе дојде само со влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе испорача повеќе за секој еден од нас“, кажа Сајкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.