Поддршка за нашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова од ден на ден расте. Се по голем број на граѓани ни приоѓаат и не поддржуваат, даваат силна поддршка. Победата ќе биде голема, победа ќе биде историска, изјави денеска Ѓоргија Сајкоски.

Денеска сме тука во Дебарца за да ја побараме и добиеме поддршката на граѓаните од оваа прекрасна општина, составена од многу живописни села и населени места.
Затоа повикуваме на големо единство.

На единство кое ќе ја зголеми победата, единство кое ќе ја зголеми поддршката и единство кое ќе ни донесе претседател кој што може, знае, кој што сака да направи меѓународна поддршка да добиеме, кое што сака да постигне внатрешно единство и кој што сака да имаме народ да биде достоинствен и народ кој што како што ја почна да ја гради оваа држава, така да ја види периодот кој што следи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.