Македонија е наш клучен НАТО сојузник и стратешки партнер на Балканот и ги поддржуваме стремежите на земјата за целосна интеграција во евроатлантските институции, се вели во соопштение објавено денес од Стејт департментот, а во заднина на средбата на државниот секретар Ентони Блинкен со премиерот Димитар Ковачевски во Скопје.
Во него се вели и дека Македонија покажала огромно лидерство на глобалната сцена како претседавач со ОБСЕ, предводејќи ја Европа пред рускиот „опструкционизам“ во организацијата.
САД се исто така посветени во помошта на нашата земја да развива инклуизвна демократија и граѓанска власт, како и да се бори против корупцијата и дискриминацијата.
Вашингтон помага на нашата земја во зајакнување на владеењето на правото; зајакнување и диверзификација на економијата; промовирање на слободата на медиумите; и изградба на поголеми демократски институции во целосно, инклузивно, мултиетничко општество.
Во соопштението се вели дека „билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија е силна и се фокусира на зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и економскиот развој кој ја поддржува регионалната интеграција и енергетската безбедност“.
-САД го ценат безбедноснот партнерство со Македонија како цврст сојузник во НАТО. Членството на Македонија во НАТО ја зајакнува безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион на Западен Балкан, се вели во соопштението од Стејт департментот.
Од информациите објавени овде се потсетува дека Македонија е членка на Светската трговска организација од 2003 година, а од неодамна се приклучи на Договорот за државни набавки на СТО и има преговарано за Договори за слободна трговија со многу од нејзините соседи.
Во 2022 година, вкупната трговска размена меѓу Македонија и САД изнесувала 270 милиони долари. Американските електро машини и опрема се особено привлечни за увозниците во земјава.
Главниот извоз на нашата земја во САД е тутун, облека, железо и челик.
Понатаму, помошта на САД за Македонија се фокусира на зајакнување на демократските и економските реформи потребни за зајакнување на напредокот кон пристапувањето во ЕУ… Промовирање на економски реформи и можности, стимулирајќи ја енергетската и кибер еластичноста и развивајќи разновидна работна сила.
Од 1993 година досега САД доделиле повеќе од 1.3 милијарди долари помош за Македонија.
Се потсетува дека Македонија е членка на повеќе меѓународи организации во кои тесно соработува со САД, вклучувајќи ги ОН, ОБСЕ, Јадранската повелба, ММФ. Земјата е и официјален кандидат за членство во ЕУ откако Европскиот совет одлучи да ги отвори преговорите за пристапување во ЕУ со Македонија во 2020 година.
-Македонија покажа огромно лидерство на глобалната сцена како претседавач со ОБСЕ, предводејќи ја Европа пред рускиот опструкционизам. Земјата е претседавач со Групата А5 за 2023 година, чија цел е да ги зајакне демократските институции, да промовира мир и стабилност и подлабоко да ги интегрира земјите од регионот во евроатлантската заедница. Историскиот договор од Преспа од 2019 година го реши спорот меѓу Грција и Македонија што го отежнуваше пристапувањето на земјата во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од Стејт департментот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.