САД ги поздравуваат напорите на лидерите на Бугарија и на Македонија за деескалција на реториката и за тоа што охрабрија достојно чествување во Скопје на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се вели во изјавата на Стејт департментот дадена денеска на барање на МИА.

На прашање од МИА дали САД сметаат дека бугарската реакција околу нападот во Охрид врз едно лице, како и декларацијата изгласана во Собранието на Бугарија, е преувеличување до невидени размери од страна на официјална Софија, Вашингтон одговори дека Софија и Скопје веќе работат на деескалација на ретороиката и го поздравија мирното чествување на роденденот на Делчев.

-Иднината на Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на Македонија, изјави официјален Вашингтон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.