Новинарот Сунаи Сабриоски верува дека оној што се обидел да му го прегази достоинството на еден народ, ќе се боцне на бодликава жица или кактус. Народот си ја знае вредноста околу која се врзува и вирее како пиреј со години, вели Сабриоски непросредно пред почетокот на протестот во Скопје.

Нема таква сила што може да го прегази достоинството на еден народ. Можеби не прочитале редици книги но си ја знаат вредноста за која се врзуваат, како пиреј во процес кој опстојува со години во различни услови но сепак е пиреј. И кога власта ќе ја изгуби довербата кај граѓаните залудно ќе и бидат било какви “смирувачки” тонови бидејќи насобраното под тепих нараснало до степен на нетрпеливост. Тој што пробал да го прекине процесот на пирејот веројатно ќе се соочи со бодликава жица или кактус. Не џабе рекле старите: Колку е долга чергичката толку нозете ќе си ги пуштите! – напиша Сабриоски на својот ФБ профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.