Македонија секогаш била тука за вас, бидете и вие тука за Македонија и за вашите браќа и сестри Македонци. Многу е тешко да се зборува кога сме онемени од бес , од немоќ и од болка. Она што мене ме натера да зборувам е цитатот од Гоце Делчев од пред 120 години каде тој вели: „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание, оној кој мисли дека поинаку ќе се ослободи од Македонија се лаже и себе и другите. Ова е ослободувањето на Македонија, вие сте ослободувањето на Македонија, Македонија е жива, Македонија ќе опстои, истакна Дарија Андоновска денешниот протест „Ултиматум-Не благодарам“.

Андоновска во текот на своето обраќање посочи дека не е слобода некој да ти кажува како да се нарекуваш и некој да ти го одзема јазикот и историјата.

-Знаете ли што му кажал бугарскиот полицаец на Раде Јовчевски Корчагин пред да го убие? Еве ти ја слободата и човечките правдини. Тоа, таа реченица ја добиваме еве 80 години подоцна завиткана во европски целофан, спинувана и декорирана од домашните квинслинзи. Ова ли е таа слобода? Ова ли се тие човечки правдини? Епа не, едено големо НЕ. Не е слобода некој да ти кажува како се нарекуваш, не е слобода некој да ти ја одзема историјата, јазикот. Јазикот е нашата татковина, истакна Андоновска.

Андоновска посочи дека Македонија ќе биде дел од ЕУ со својата македонска историја, култура и идентитет и никако поинаку

-Замислите што ќе учат нашите деца дека сме Бугари, дека јас сум Бугарка, дека мојата мајка и татко биле Бугари? НЕ. И за ваква ли слобода, за ваква Македонија се бореле генерации и генерации во векови, во крв потопена земја, во црно завиена. За ова ли се бореле? За ваква ли слобода, за вакви човечки правдини. Не вака во ЕУ. Да, во ЕУ со основните човекови права, право самоидентификација, право на сопствена историја, право на сопствен јазик, да во Европа како Македонци од Македонија, со македонска култура, македонска историја, македонски идентитет. Така да во ЕУ, никако поинаку. И нека престане власта да се заканува со меѓуетнички тензии, ние сме браќа и сестри живееме заедно . И ова не е последниот воз, за последниот воз слушаме со децении наназад, за големи работи се размислува долго. Браќа и сестри Македонци, Македонците се борат за своите правдини, да живее Македонија, порача Андоновска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.