Шпекулација е дека се подготвувало апсење на министер, вели за „А1он“, Вилма Русковска, шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција која е суспендирана.

Таа посочува дека не е точно дека поради можно влијание, повторување на делото и бегство, се планирало барање на притвор за министер, а поради предметот каде се испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед Виа Комерц, во која на последен преглед бил и автобусот на Беса Транс, кој изгоре во Бугарија.

Писмените докази за овој предмет се веќе обезбедени, како што кажав на пресот. Од утре требаше да почнам со сослушување на сведоци. За апсењето се  шпекулации – посочува Русковска.

„А1он“ ја праша обвинителката дали смета дека поради овој случај е и дел од притисокот врз неа, на што, Русковска одговори:„Дали е дел од притисокот, не знам!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.