Вилма Русковска дала исказ како осомничена во скопското Обвинителство, по пријавата од ексдиректорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Таа смета дека оваа постапка за нејзе е притисок и испрати порака до обвинителите да внимаваат кон кого поведуваат постапки.

Предметот е во фаза на истрага, додаде суспендираната шефица.„Бев сослушана во својство на осомничена. На постапката гледам како притисок, со воведување на дисциплинската постапка, поднесената кривична пријава“, кажа Русковска.

Таа очекува да се отфрли пријавата против неа. Не ги видела доказите, не знае што има против неа во скопското Обвинителство.

„Спрема мене имаше порано закани и притисоци од поранешна власт“, кажа Русковска без да каже во која година било тоа.

„Бидејќи сум суспендирана, не сум обрнала внимание на заканите“, додаде Русковска и кажа: „Не сум ги пријавила заканите, сметав дека нема потреба“.

Таа конкурирала на новиот конкурс за избор на шеф на ОЈО-ГОКК.

„Да вчера поднесов пријава, очекувам поддршка“, додаде Русковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.