Во моментов немаме какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба – смета министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Ваквата изјава на Спасовски, по повторната дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово предизвика револт кај родителите и наставниците. Велат граѓаните не се чувствуваат безбедно. Тоа е доволно Спасовски да се замисли пред да дава вакви, непромислени изјави.
Како не е нарушена безбедноста? Треба да пукне во некое училиште па тогаш да биде нарушена? Денеска бев повикана да си го земам детето од училиште поради дојава на бомба. Првооделенче. Прво јас самата не знам како возев до таму, избезумена целата. Не знам од то повеќе се плашев – стравот овојпат дека можеби не се работи за лажна бомба, или пак бев загрижена за стресот кој го поминуваат децата. Кога стигнав беа стуткани во еден агол карши училиштето, придружувани од двете наставнички. Наставничките, чија паника, колку и да се трудеа, се забележуваше, се обидуваа да им направат приказна дека се работи за вежба на полицајците и дека тие сега гледаат и учат како изгледа една полициска акција. Неко деца веројатно веруваа во приказната. Но имаше и такви кои исплашено гледаа, особено кога сфатија дека сите родители доаѓаат да ги земат. Немало индиции за нарушена безбедност?! А има ли Спасовски индиции за трауматизирани деца и испаничени родители? – раскажува мајка чие дете оди во прво одделение во скопско училиште во кое имаше дојава за бомба.
Вели родителите во вибер група се организирале за земање на децата. Оние ко не можеле да пристигнат брзо биле услужени од родители кои веќе биле пристигнати. Имало родители кои земале по две-три деца за да не останат надвор на ладното и да ја гледаат драмата која се одвива. Дел од децата, особено оние кои имаат постари братчиња и сестрички во училиштето, дознале дека се работи за дојава за бомба, што било дополнителна причина за паника меѓу учениците.
Како што веќе објави „Република“ децата од скопското ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром биле шокирани и преплашени откако по дојавата за бомба со аларми и пожарникарски возила биле вадени надвор од зградата. Оние од првиот кат морале да излезат преку прозорците.
Како што раскажуваат родителите за „Република“, децата не можеле да си дојдат на себе, а дополнително било проблем и да ги земат и смират зошто насекаде имало пожарникаски возила и не можеле ни да ги соберат.
Еден од татковците што стигна прв им купил чоколади, банани, водички да си дојдат на себе, раскажуваат родителите.
Паниката кај децата била очигледна.
Кога го земав сим ми од училиште беше смирен иако се забележуваше страв кај него. Кога дојдовме дома беше раздразлив и нервозен. За се бурно реагираше. Се обидпв да разговарам со него. Тогаш само кажа ми се плаче мамо, многу ми се плаче. И почна да липа. Секогаш сме го советувале дека со плачење не се решаваат проблемите, поради што се обидел да биде смирен. Ова е преголем стрес за децата. Се работи за деца од 6 години нагоре. Ова со бомбите го слушаме со месеци. И некој најде да ни каже дека не е загрозена безбедноста. Загрозена е безбедноста! Како може некој да ми каже дека не е зарозена безбедностната состојба која јас како луда возев до училиштето да го зеам детето. Денеска истото го доживеаа уште стотици родители во Скопје. Слушам и во Куманово. Не, нема да го пуштам детето во училиште додека надлежните институции не ја разрешат оваа агонија која трае. Уште МОН барал да се надополнат часовите. За што? Заради нечија неспособност? Не, јас нема да дозволам моето дете да оди на ниту еден дополнителен час – коментира мајка од чие дете учи во ОУ „Браќа Миладиновци“.
За последните дојави во основните училишта реагираше и инфлуенсерката и водителка Миа Костова. Таа коментира дека децата се трауматизирани од сѐ што им се случува изминатиот период.
Дојава за бомба и во Киро Глигоров. Мене искрено не ми е воопшто пријатно да го пуштам на училиште. На оваа неспособност од институции во кои се бараат дојавувачи 3 месеца мислам дека е таман еден ден да рокне стварно додека се смееме дека е само заплашување и ни е нормално да има по 10 дојави денот. Па можеме сега пак да си живееме во страв место од корона од бомби. Инаку децата воопшто наивно не го сфаќаат ова па се трауматизираат. Па пак да се стаиме малце онлајн дека и онака ги унаказивме две години па сеа за уште една не е проблем. Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со раководство не со две леви раце, него комплетно сакато, вели таа.
И наставниците се револтирани од ова што се случува. Велат пораката која пристигнала на меил пораките во училиштата била со морбидна содржина.
Во моментов кога ни рекоа да ги изнесеме децата надвор, смирено излеговме. Ги тргнавме подалеку од училиштето и ги известивме родителите да дојдат да си ги земат. Откако си отиде и последното детенце паниката и стравот ме совладаа. Тогаш како да станав свесна што може да се деси, не дај боже. Имам одговорност за сите деца – вели вознемирено наставничка од основно училиште.
Директорката на ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово Јасмина Спасовска посочи дела мејлот пристигнал во 09:10 часот, како групен испратен до повеќе училишта од градот, а во него има вознемирувачка закана.
Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите, стои во електронската порака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.