Рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, е во пораст и е речиси четири пати поголем од рејтингот на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски. Ова го покажуваат резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата „Маркет вижн“ од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Од граѓаните што биле анкетирани, во Христијан Мицкоски доверба имаат 12,3%, во Али Ахмети 3,7%, во Димитар Ковачевски 3,5%, а во Димитар Апасиев 3,1% од испитаниците.

а

Споредено со резултатите од истражувањето во јуни и февруари годинава, ваквите бројки покажуваат зголемување на довербата во Христијан Мицкоски за 1%, но и значително намалување на довербата во Димитар Ковачевски – од 8,2% во февруари до 3,5% во септември 2023 година.

с



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.