Поранешниот пратеник на Движењето Беса, а моментално независен пратеник, Кастриот Реџепи, соопшти дека ќе биде дел од новата политичка партија којашто ќе ја формира Изет Меџити.

Реџепи на социјалните мрежи се пофали дека ќе биде еден од основачите на новото политичко движење.

Јас го поддржував во текот на, да речеме, неговата внатрешно-политичка борба, ќе продолжам да го поддржувам и на неговиот пат и најверојатно ќе бидам еден од основачите на новото политичко движење, напиша Реџепи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.