Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во присуство на заменик амбасадорката на САД Никол Варнс, денеска и официјално е пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика.
Со поддршка на Амбасадата на САД се набавени неопходните хардверски и софтверски компоненти за хардверско и софтверско опремување во областа на дигиталната форензика во вредност од околу 500.000 американски долари. Опремата вклучува најсовремени форензички станици за работа во лабораториски услови, лап топ компјутери, ултраблок китови со врајт блокери за различни видови носачи на електронски податоци што ќе бидат предмет на анализа, како и форензички софтвери што се користат за исчитување и анализа на одземена или запленета електронска опрема. Во лабораторијата за дигитална форензика ќе можат непречено да се отвораат и декодираат одземените електронски уреди со цел да се пронајдат електронски докази што ќе бидат корисни за понатамошниот тек на постапките и кои како валидни, законски прибавени докази ќе се користат во постапка и пред судот.
Воедно, за потребите на аналитичкиот центар во Обвинителството, Амбасадата на САД донираше софтверска алатка Analyst’s Notebook 10 со помош на која се овозможува големи количини на податоци да се претворат во визуелни дијаграми, како мрежи на односи, временски линии и шеми на настани и на тој начин полесно да се откријат скриени врски и модели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.