Министерот за политички систем и односи со заедниците и вицепремиер Иван Стоилковиќ, кој воедно е и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, побара од службите во Владата да биде доставен јарбол и македонско знаме, со што за првпат пред оваа институција во центарот на Скопје, е поставено знамето на Македонија.

Пред министерството, со кое раководеше поранешниот прв вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, од неговото формирање немаше остакнат симбол на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.