Првпат кандидат од МВР на Македонија беше номиниран за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на Иинтерпол.

Делегацијата што го претставува Министерството за внатрешни работи на Република  Македонија на 90.Генерално собрание на Иинерпол, кое во периодот од 18 до 21 октомври се одржува во Њу Делхи, Индија, присуствуваше на промоцијата на претенденти за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на Интерпол.

Како што објавија од МВР на нивниот фејсбук профил, првпат со свој кандидат учествуваше Националното централно биро при МВР, со началничката Бранислава Стојчевски.

Покрај нашата земја, во конкуренција за позицијата беа кандидати од Андора, Белгија, Руската Федерација и Република Турција, а за потпретседател за Европа во Извршниот комитет на Интерпол беше избран белгискиот кандидат, Петер Де Бушер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.