Граѓаните на Македонија може да бидат спокојни. Додека секојденвно има зголемување на цените на горивата што директно негативно влијае на буџетот на граѓаните, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски си ужива на викенд во Дубровник.

Во време кога поради широкораспространетите поскапувања, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, Бислимовски, на државна сметка се гоштева во елитниот ресторан „Орсан“ во Дубровник.


Ваквото однесување на Бислимовски го поставува прашањето дали тој е во Дубровник по службена должност затоа што граѓаните имаат право да знаат каде и како се трошат нивните пари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.