Во пресрет на одбележувањето на две годишнината од нашето членство во Алијансата, зградата на МНР е осветлена во боите на НАТО.

Министерот за надворешни работи, објавувајќи фотографии на социјалните мрежи напиша:

Да се биде дел од трансатлантското семејство, особено во овие времиња на геополитичка нестабилност, е значајно постигнување и цврста гаранција за нашата безбедност и просперитет.  Македонија е на заедничка маса со најразвиените демократии во светот и е активен чинител во глобалните безбедносни политики. Со нашите НАТО партнери сме обединети и одлучни заеднички да одговориме на актуелните безбедносни предизвици предизвикани од инвазијата на Русија во Украина и да го дадеме својот придонес за зачувување на светскиот мир и стабилност, вели Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.