Според неофицијални информации на телевизија Алфа во Македонија има прв сомнителен случај на мајмунски сипаници.

Според изворите на телевизијата најавено е прием на пациент сомнителен на мајмунски сипаници во Инфективна клиника во Скопје. Пациентот е од Кичево, а го очекуваат да пристигне во секој момент на Инфективна клиника. Кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје. Алфа се обиде да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега не одговори на нашите повици и пораки , додека пак дежурниот доктор вечерва на клиниката ни кажа дека досега нема пријавено и регистриран таков пациент.

Но, сепак според неофицијални информации пациентот треба да пристигне на инфективната клиника во секој момент, по што ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.