Неколку години по ред се прави црна кампања против ДУИ, но последните години се забележуваат сериозни активности за кампања против партијата, вели во интервју за ТВ21 лидерот на партијата Али Ахмети.
Се работи за добро смислена кампања против мене лично и против Демократската унија за интеграција. Дури можам да кажам дека се работи за нацистичка кампања затоа што сметаат дека ДУИ и Албанците ќе им ја земат државата и економијата, вели Ахмети во интервјуто кое целосно ќе се емитува вечерва од 20 часот на ТВ21.
Ахмети во интервјуто открива за состаноци кои „пред три години ги побарале одредени министри во Владата но и поранешни од времето на осамостојувањето“.
Јас не зборувам на празно. Зборувам со факти. Ќе ви кажам една вистина, пред три години, состанок со мене побараа поранешниот министер за финансии, министер за финансии веднаш после независноста и претседател на тогашната комисија за приватизација. Ми вели, дојдов да ти ја кажам вистината, затоа што треба да ја знаеш, јас сум бил министер за финансии, јас сум бил претседател на Советот за приватизација, јас сум работел по правило, војна во 2001 немаше да има. Тогаш во Владата работевме и правевме се што можеме како да ги отстраниме Албанците од процесот на приватизација и тоа успешно го направивме, не ги оставивме Албанците да се вклучат во приватизацијата, затоа се случи и војната. Е тоа ми го кажа поранешниот министер за финансии, кој сега има 90 години и сè уште е жив, додава Ахмети во интервјуто за ТВ21.
Зборува и за разговорите со олигарсите во Македонија и за тоа каква порака им пренесува.
И јас денеска, на олигарсите во Македонија им велам, одете зборете со него, со поранешниот министер за финансии, не ја враќајте државата 20 години назад, оставете ги Албанците да бидат рамноправни во економијата. Која е пораката која мојот син доаѓа тука и се обидува да работи и веднаш му се ставаат сите институции над глава, го гонат кривично. Кој е пораката која ја праќаме кон другите инвеститори?, прашува Ахмети во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.