Министерот за здравство Беким Сали смета дека протестот на матичните лекари, најавен за денеска, е легитимен, но не е навремен. Тој истакна дека се во постојан контакт со сите здруженија вклучени во протестот.

Сите тие претставници на здруженијата знаат дека ние интензивно работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита и сметам дека овој ден е само за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање. Меѓутоа, тоа е легитимно право и јас ќе им се придружам. Тие денеска ќе ми бидат гости и драго ќе ми биде да ги видам во протестот како група – рече Сали, во одговор на новинарско прашање при посетата на реновираниот оддел за онкологија на Универзитетската клиника за детски болести.

Подоцна, министерот Сали се приклучи на протестот на приватните лекари пред Министерството за здравство., каде ги ислуша лекарите кои кажуваа што треба да кажат и прашањата што треба да ги постават.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.