Неготински пензионери и денеска мирно протестираа на градскиот плоштад во Неготино, повторувајќи ги барањата за повисок животен стандард. На овој начин, како што рекоа, го изразуваат своето разочарување од нарушеното достоинство во третото доба, револтирани од малите пензии и тешките пензионерски денови. Повторно носеа транспаренти на кои се испишани нивните барања за зголемени пензии.
Бараме повисок стандард, линеарно покачување на пензиите од по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари. Си ги бараме нашите пензионерски права и услови за подостоинствен живот, рече пензионерката Ката Апостолова.
Веќе извесен период, пензионери од Неготино и Кавадарци протестираат во одредени денови, барајќи да се слушне нивниот глас и да им се подобрат пензионерските денови.
Неготинските пензионери пред неколку дена извесно време го блокираа и патот од Неготино кон Кавадарци, на тој начин, како што рекоа, изразувајќи го својот револт поради ниските пензии и тешкиот пензионерски живот. Со транспаренти се движеа и по главната улица во градот.
Претходно, тие го блокираа на еден час влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, за, како што рекоа, да алармираат за нивните проблеми и да побараат нивно решавање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.