Пронајдени се два пиштола во текот на истрагата, сподели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција, но додаде и дека сé уште не се проверени дали станува збор за оружјата со кои се извршени убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
На прашањето дали се направени парафински ракавици на осомничените, рече дека сите истражни дејствија кои треба да се преземат ќе се направат и за сите има рок кога ќе се направат.
Исто така, објави и дека е пронајден мобилниот телефон на младата Вања.
Тој објави дека по распишаната меѓународна потерница во Турција уапсен е осомничениот за убиствата Љупчо Палевски Палчо.
Додаде и дека со поднесувањето на кривичните пријави случајот целосно е предаден од МВР до Основното јавно обвинителство. На 100 страни, опсежно и со докази, како што сподели тој, напишани се пријавите против пет лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.