Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ реагираат на состојбата во ГОБ „8 Септември“ каде што прокапува вода од кровот во просториите на Интензивната нега.

Вака здравствените власти кои ќе останат запаметени по урнисување ја оставаат Градската болница по седумгодишното владеење.

 

Ќе останат запаметени по деградирањето, елементарна негрижа и неодговорното однесување како во оваа установа каде не се води грижа за кадарот, нема основни материјали, не се воведе онколошка дејност и покрај 10 сечења ленти за оваа цел. Иста или слична поразителна ситуација имаме и во сите јавни здравствени установи.

 

Токму давањето на едни исти ветувања во 2017 година и во 2024 година е јасен показател дека ја потцениле јавноста и не само што не ги испорачале ветувањата кои сами ги дале пред граѓаните, туку и зад себе по 7 години апсолутна власт денес оставаат пустош“, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.