Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори.

Пред потпишувањето воведно обраќање ќе има претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а ќе биде прочитана и содржината на Кодексот.

Откако кандидатите за претседател на државата ќе го потпишат Кодексот, предвидено е да имаат поздравни говори.

Настанот ќе заврши со две групни фотографирања, едното на сите кандидати и другото, на сите кандидати со членовите на Државната изборна комисија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.