Република Македонија денес ја гледам како една понижена, потчинета држава, држава на којашто и се оспоруваат сите нејзини легитимни права на сопствена идентификација, и јазична, и културолошка, и во историска смисла. Тоа значи, би рекол, една држава доведена во подредена положба однадвор истакна проф. Ванчо Ѓоргиев во интервју за „Република“.

Тој стручно го објаснува делувањето на Ванчо Михајлов и сите негови контроверзи и обидот се она што е лошо кај него да се прилепи за ВМРО-ДПМНЕ.

Да, навистина името на Ванчо Михајлов е контроверзно, такво е, какво што е, и нема што да се додаде или одземе. Неговата улога е општопозната, дури на крајот и една Бугарија ја забрани, свесно или несвесно, неговата организација. Исто така, и на другата страна, еве ние бевме свдоци како се подметнуваа летоци, разни именувања на оваа организација, така и во последно време се обнови таа приказна, обидувајќи се некој ВМРО-ДПМНЕ да ја спореди со некогашното ВМРО на Ванчо Михајлов, да покажеме некојси континуитет. Да расчистиме, ВМРО-ДПМНЕ е современа политичка партија, регистрирана согласно законите на Република Македонија, со јасна политичка програма и цел, партија која што се бори во современи услови за развој на македонската држава. А, ако некој се обидува да бара некаков континуитет, тогаш треба да го бара во севкупното делување на ВМРО, да зборува и за ВМРО-Обединета, да зборува и за Македонската револуционерна организација од 1893, којашто го донесе Илинден и за оние илинденци, кои потоа пртставуваа континуитет помежу некогашната МРО и Илинден од 1944 година, на Второто заседание на АСНОМ. Ние сме сите сведоци каква беше улогата, да речеме, на Димитар Влахов, на Павел Шатев, како тие луѓе беа кооптирани, така што таквото етикетирање, што доаѓа сега, е некоректно и би рекол удбашки метод, метод познат за едно друго време од раните години на македонската држава, на југословенската федерација, од време на ИБ, методи коишто во недостаток на аргументи и понудена програма за излез од севкупната криза во којашто се наоѓа државата, не им останува ништо друго, освен да ги етикетираат другите со недолични и непристојни епитети или квалификации, коишто немаат, би рекол, ниту историска, ниту, пак, морална подлога, вели проф. Ѓоргиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.