Министре Јетон Шаќири, нема договор со СОНК, наставниците се изиграни!, вели во својот фејсбук статус проф. д-р Весна Јаневска, претседател на комисијата за образование и наука во ВМРО ДПМНЕ.
Платата на наставниците не е исплатена. Се прашувам како ли ќе се запишат сите деца од цела Македонија во училиште по електронски пат. Вие знаете?, вели проф. д-р Јаневска.
Спроед проф. д-р Јаневска, закони се кршат на секој чекор.
Пред извесен период во МОН е унапредено лице кое не исполнува услов за такво унапредување.
Во месец април е излезе измена за конкурсот во средно, иако тоа е спротивност на член 42 од Законот за средно образование. Имате одговорност Министре! Каде сте Вие, во Македонија сте?, пишува на фејсбук проф. д-р Јаневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.