Вистината за тоа кој колку придонесува за работата на Собранието.

Во период од јули до декември 2021 година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале три пати повеќе активности од тие на СДСМ.

Во споменатиот период пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале 109 дискусии во Собранието, наспроти 36 од страна на СДСМ. Идентично е и во бројот на репликите каде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат 127 реплики, додека тие на СДСМ имаат 83 реплики.

Исти се и бројките кога ќе се погледне соодносот на власта и опозицијата. Имено партиите од опозицијата имаат 128 дискусии во периодот јули – декември 2021 година, наспроти 54 на тие од власта. Соодносот кај репликите е 130 наспроти 93.

Бројките од активностите во Собранието покажуваат дека пратениците од СДСМ и ДУИ не си ја работат работата и не си ја заработуваат ниту платата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.