Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Гевгелија порача дека е многу важно набргу од денеска да имаме предвремени парламентарни избори да може оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ да замине, и да дојде влада на народот која што ќе гради и која што ќе ја врати Македонија на победничките патеки.
Како човек и претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително горд што имаме градоначалници кои што ги избраа граѓаните, кои што се исклучително мотивирани, кои што сакаат да работата за интересите на граѓаните, и кои што мислам дека ќе продолжат и во иднина така да работата, затоа што нивната и нашата заедничка цел е да ја градиме Македонија и да работиме исклучиво за интересот на граѓаните на Македонија и Македонија, додава Мицкоски.
Мицкоски рече дека во Гевгелија се реализира проект кој што СДСМ 6 години не го започнал.
Овој проект и грантот се од 2016 година, а зошто изминатото локално раководство не го реализирал е друго прашање. Очекувам да биде реализиран во следните 500 дена, но и побрзо, па жителите на овие населени места да добијат и нова вода за пиење, канализација, фекална, атмосферска итн. Се работи во Гевгелија, се работи и секаде онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник. Ќе покажеме дека не сме сите исти, туку дека сме многу различни. Додека овие во владата ги интересираат само тендери во четири очи и ги интересира криминалот и корупцијата за да крадат, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата работата, чесно, штедат и градат. Тоа е разликата помеѓу едните и другите“, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.