Општина Битола доби изработен комплетен проект за изградба на Стационар за бездомни животни. Локацијата каде ќе се гради прифатилиштето е во склоп на земјоделското училиште во Битола.

Претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска, како иницијатор за решавање на оваа проблематика се заблагодари на целиот тим кој го подготвуваше проектот, на раководството на земјоделското училиште и општинската администрација за професионалноста и соработката.

Општина Битола доби донација за проект за изградба на прифатилиште за бездомни животни. Морам да кажам дека кога се носеше буџетот, еден од проектите кои Поинаку ги ветуваше во предизборието и кои баравме да влезат во буџетот беше изработка за таков проект. Истиот за неполни 5 месеци е изработен од група архитекти и го добиваме како донација, односно подарок, што значи дека Општина Битола нема да има никакви финансиски импликации, локацијата на прифатилиштето ќе биди во земјоделското училиште, изјави Габриела Илиевска.

Решавањето на проблемот е плод на соработка на институциите, здруженијата за заштита на животните и воопшто сите кои ги сакаат животните и сите кои ја сакаат Битола.

Заради немањето слух во изминатите 4 години од страна на локалната самоуправа, Општина Битола е казнета, има безброј преставки од граѓани кои биле нападнати од кучиња и заради тоа се додека изградиме сопствено прифатилиште ние ќе мора со јавен повик односно на тендер да ги упатуваме бездомните животни во прифатилишта кои што ги има во соседните градови, сметам дека тоа е жално за еден град како Битола, бидејќи ние и тоа како имавме услови  и луѓе, активисти коишто сакаат да помогнат и безброј начини на кој начин би ја спровеле изградбата на тоа прифатилиште, рече Илиевска.

Следна фаза од решавањето на овој проблем е почеток на изградбата на прифатилиштето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.