Она што можам засега да го кажам е дека преговарачкиот процес се базира на принципи, пред сè нели на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и од потребата од одредени реформи за забрзан економски развој, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на поставеното прашање од медиуми за тоа до каде се преговорите со коалиционите партнери.

Стоилковски додаде дека во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во коалициските преговори. При што истите не треба да бидат ниту компромитирани на било кој начин и да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат.

Засега она што може да се каже е дека преговорите се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор и сè до официјално моментот кога ќе може да се соопшти нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои што се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека во преговорите се внимава на квалитетот на самата поделба и на бројката која што ВМРО-ДПМНЕ ја има во освоени пратеници за овој парламентарен состав.

Преговорите можам да кажам дека ќе продожат и во следните денови, заклучи Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.