Лидерот на БЕСА, Билал Касами, не сака да седне на иста маса со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
„Ние како Беса воопшто немаме дилема во однос на политичките цели во корист на интересите на Албанците во Република Македонија од страна на премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама. Наша грижа е со целите и политичките трикови на ДУИ и Али Ахмети. Ние како Беса позитивно одговараме на поканата на премиерот Еди Рама, но немаме потреба и не гледаме за разумно да седиме на маса со ДУИ на Али Ахмети секогаш кога тој треба да се спаси“,изјави Фарук Авзиу, портпарол на Беса.
Според дел од медиумите лидерската собиранка на Ахмети,Таравари,Касами, Тачи и Гапи ќе се одржела утре во Тирана на покана на премиерот Еди Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.