Апелирам до сите граѓани кои сакаат да изразат незадоволство преку протест, да покажат демократски капацитет, заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а посебен апел до политичките субјекти во државата на одговорен однос, бидејќи тие се задолжени да бидат и најодговорни, порача преку „Фејсбук“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Повикувам на свесност и одговорност на протестите, бидејќи насилството и нетрпеливоста со ништо не можат да се оправдаат и не го претставуваат вистинското лице на европска Република Cеверна Македонија, земја членка на НАТО.
Секој напад на полициски службеници или витални објекти, а со тоа и обид за рушење на државата и уставниот поредок ќе биде најстрого санкциониран.
Сите заедно треба да придонесеме кон заедничкиот мир, кон заедничката безбедност и стабилност, да спречиме немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата.
Почитувани граѓани,
Искажете го својот став мирно и достоинствено, така како што доликува на една демократија, пишува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.