Министерот за здравство, Беким Сали доцна попладнево информираше дека во земјава пристигнал првиот дел од најавените 250 илјади вакцини Фајзер, кои се директна донација од италијанската влада.

Оваа донација е преку механизмот Ковакс и во соработка со УНИЦЕФ. Вакцините се сигурни и безбедни. Транспортот е со ладен ланец до петте точки, каде што ќе бидат сместени и ќе ни бидат потребни. Ова е прв дел од донацијата, рече Сали.

Тој упати благодарност до медиумите што го поддржуваат министерството и властите за имунизација на населението.

Единствен начин за заштита од пандемијата е вакцинацијата. Вториот дел од пратката вакцини ќе пристигне во среда, појасни Сали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.