Претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Подгорица.

Претседателот Пендаровски утре ќе се обрати на Пленарната сесија на состанокот на шефови на држави и влади, а ќе одржи и заедничка прес конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, во својство на претседатели на земјите кои се актуелен и следен претседавач со ПСЈИЕ, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Претседавањето на Република Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа започнува на 1 јули 2023 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.