Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој.

На средбата се разговараше за севкупната соработка со ЕБОР, која е главен институционален инвеститор во нашата држава, со инвестирани 2,9 милијарди евра во 190 проекти. Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за реализацијата на бројни инвестициски проекти, што значително придонесуваат за нашата економска инфраструктура и одржливиот развој.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на инвестициските активности на ЕБОР по однос на поддршката на конкурентноста, зајакнување на регионалната интеграција и поддршка на приближувањето кон ЕУ, како и поддршка на транзицијата кон зелена економија преку поголема одржливост во искористување на ресурсите.

Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката, преку реализација на нови проекти, што ќе придонесе за економскиот развој и одржливостa.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.