Скандалот со Клиниката за онкологија е трагичен монтруозен случај и однесување кон пациенти кои се болни од најтешки форми на рак. Додека синот или ќерката бдееле над мајката и таткото или родителите бдееле над своите деца и се молеле на бога да им делува терапијата имало таму луѓе кои наместо да им дадат ампула со лек им давале физиолошки раствор а истите тие ги продавале на црниот пазар во Косово.
Вака пратеникот Љупчо Пренџов го опишува најголемиот скандал кои се случи во Македонија последниве години.
Според него ова покажува дека основните човекови вредности се нарушени и имаме целосна морална дисторзија на системот.Поради тоа веднаш побарале во Собранието да се разгледува извештајот на Државниот завод за ревизија за случувањата на Онкологија за што пратениците од ДУИ гласале против.
Мора да видиме колку се виновни, кои се виновни со име и презиме и мора да има најстроги казни.Но, пратеничката група на ДУИ гласаше против ставање на дневен ред на оваа точка.Не знам дали е за тоа што имаат економски директор кој се сликал со Ахмети.Никој во државата ништо не знае, се сменија еден куп министри за здравтво, Спасовски исто не знае,премиерот не знае и се поставува прашањето кој ја води државата? прашува Пренџов во интервјуто за „Република“.
Тој објаснува дека овој скандал мора веднаш да се разреши бидејќи имаме луѓе кои се починати.
Притисокот ќе биде огромен без разлика од која партија и од граѓаните, здравствениот систем не признава верска или етничка припадност.Ова мора сега и веднаш да биде решено-бара пратеникот.
Пренџов ја оценува Декларацијата за Илинденското востание како целосно неважна.
Оваа Влада нема стратегија, нема цели кои се патриотски и во зависност од дневната политика процениле да направат Декларација која е сплескана на две на три и во неа нема ништо.Вака напишана е навреда на интелегенцијата.
За Пренџов уставните измени се завршена работа и отворена тема.
Се виде дека „царот е гол“ и дека уставни измени нема да има и сѐ било една голема лага.Власта говори дека имало европски пратеници, вакви-такви пратеници а ние говоревме дека бројката што ќе им фали ќе биде двоцифрена и така и излезе. И ние и тие знаеме дека оваа работа е завршена но оваа пратеничка група испишува историја и од прв до последен кажавме „НЕ“.Откако пратениците од власта видоа дека ги лажеле сега таа бројка е повеќе од десет.Мислам дека никогаш нема да се стави на гласање.За уставни измени говори само премиерот или пак Бојан Маричиќ бидејќи нема што да работи или пак Артан Груби или пак кој е вицепремиер задолжен за ништо.И за некој да ги пренесе зборуваат за уставни измени.Тоа го прават за да не се разговара за клучните теми како што е Онкологија или пак зошто го нема секој трет учебник. Зошто од 120 предмети за 43 нема учебник.Во Европа на први септември недостигаат учебници само во Македонија и во Косово.Откако дојдоа на власт единствената држава од која од која сме нешто подобри а во нешто сме полоши е Косово.Веќе не можеме да се натпреваруваме со Србија, Грција,Албанија.Порано не ни беше нивото Косово и Босна.Тоа е трагедијата на оваа влада.
За Пренџов единтвеното решение се избори.
Не може Македонија повеќе да издржи ваква криминогена и неспособна власт.Гледаме што ни се случува во секој сектор.Во економија сме шампионни по инфлација, најзадолжена држава сме, шајка не заковаа а го дуплираа долгот колку сите Влади претходно, во образованието три години ни недостасуваат учебници.Образованието е проблем кој сега се прави но последиците се трпат после десет години.Овие луѓе не се свесни што и прават на државата.Апелирам до оние 62-ца кои држат оние од „Илинденска“ на власт час поскоро да се свестат бидејќи тие се подеднакво одговорни за што и се случува на Македонија-вели пратенникот во интервјуто за „Република.
Пренџов потенцира дека анкетите покажуваат повеќе од двојна предност на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и убедлива победа на изборите.
Јас сум убеден дека коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе има 61 пратеник.
Пренџов ги слушнал гласините кои ги потура власта дека и да изгубат на изборите ќе ја формираат Владата.
Тоа не е вистина, нема теоретски шанси да се случи. Подршката доминатно е за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. СДСМ се ваќа за сламка и она малку членство што им остана да може да го вртка по штабовите.Слично ги лажеа и за уставните измени-потсетува пратеникот.
Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.