„Од први јуни Владата ја започнува седмата година на власт. Шест години цели се на власт, ја започнуваат седмата година на власт, а Оливер Спасовски веќе има осум ипол – девет години како е на власт. Во недостаток на способност, на идеи, на проекти, и подобар живот, вие имате реторика каква што имаше Ковачевски денес. Од друга страна нема за што друго да зборува, нема за што друго да се пофали, затоа што ако отворите право и правда – столбот на општеството ќе видите дека граѓаните немаат доверба ниту во судството, ниту во обвинителство. За жал граѓаните немаат доверба ниту во политика, ниту во институции, а шест години цели се на власт“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Пренџов додаде дека ако се погледне во економија, може да се забележи само криза до криза. Од кризи Македонија не може со оваа власт да излезе, во еден момент државата се соочуваше одеднаш со четири кризи, не само со една.

Ако отворите образование, денес е веќе крај на мај, за 2-3 недели завршува учебната година, а цела година нашите деца односно учениците ја истераа без учебници, без основно средство за работа. и образованието е во катастрофална состојба, укажа пратеникот.

Тој посочи дека има видено две – три изјави на министерот за здравство каде што вели дека здравството е на најниско можно ниво од осамостојувањето на државата.

И така било кој сектор друг да отворите имате катастрофа до катастрофа, нагласи Пренџов.

Пратеникот во текот на гостувањето се осврна и на уставните измени при што укажа дека 75% од граѓаните се против она што го говореше премиерот на прес конференцијата. Значи 75% се против внесување на Бугарите под овие околности во Уставот на Република Македонија.

Со внесувањето на Бугарите во Уставот значи одење против волјата на граѓаните на Република Македонија, нагласи тој.

Пренџов додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став за уставните измени, а тоа е дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени, и нема да ги поддржи.
Тој рече дека во Република Македонија со оваа власт има енормен криминал, а тоа го говорат и меѓународните извештаи.

Сакам да му порачам на Ковачевски од тука, од Алфа телевизија, а тоа е дека наместо да подготвува европска опција, европски фронт да си спреми фронт за опозиција бидејќи за брзо време ќе оди во долготрајна опозиција ако остане да биде претседател на партијата“, порача Пренџов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.