„Прво, проектот „Бехтел и Енка“ се тера со европско знаменце. Се турка со европско знаменце каде што опозицијата согласно Деловник, закон и Устав нема можност да стопира повеќе од определен број на денови согласно Деловникот. Впрочем за тоа ќе видите што ќе пишува во извештајот за жал за сите нас во Република Македонија од страна на Комисијата од Брисел. Второ, за европските знаменца на законските решенија имаме изјава од страна на евроамбасадорот во државата и потоа имаме исто така и изјава на официјалниот портпарол на ЕК од Брисел дека ова што се прави и ваквите законски решенија кои што влегуваат во Собранието не се согласно европските стандарди“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Пренџов додаде како опозиција жестоко реагираат. Реагираат за да се подобрат работите. Зошто? Затоа што коридорите и патиштата нема СДСМ да ги реализира, СДСМ оди во опозиција.

Во текот на вчерашниот ден на дебатата токму законот за градба, излегоа на говорница двајца поранешни министри за транспорт и врски, ако некој во држава е најзапознаен со начините за градење тоа е министерот за транспорт и врски, господинот Балковски и господинот Владо Мисајловски, рече Пренџов.

Тој посочи дека најголемиот проект во патната инфраструктура наместо министер за транспорт и врски, Бочварски, го води вицепремиерот задолжен за ништо и невладини организации, Артан Груби.

Тука гледате која е подреденоста во Владата и колку СДСМ е немоќен. СДСМ не може да ги спроведе сопствените идеолошки постулати и тоа се гледа преку првиот закон, а тоа е законот за работни односи. Каде што Социјалдемократската Влада донесуваат закон со кој што работниците ќе можат да работат 60 + работни часови неделно, укажа тој.

Тој дури појасни дека сестринските партии на СДСМ од 40 часовно работно време го намалуваат за граѓаните, само СДСМ го продолжува 60+.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.