Денес остварив средба со турскиот амбасадор, Фатих Улусој, соопшто на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.

Ги потврдивме одличните односи на Македонија и Турција, соработката која постои во повеќе области, како и меѓусебната поддршка која двете држави си ја даваат. Посочив дека Владата е насочена кон искористување на сите потенцијали кои се во насока на креирање на напредок и подобар живот за граѓаните и на тој план стимулирам уште поинтензивна соработка со Турција во полињата од меѓусебен интерес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.