Предупредувавме дека ќе има нови барања од Бугарија, власта за да ги реализира нечесните намери лаже дека Европа така не тера

Македонија 14.08.2022 / 15:04

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Бутел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со најавите на Бугарија дека Македонија треба да потпише нов документ.

Мицкоски потенцираше дека власта за да ги реализира нечесните намери заедно со владата во Бугарија, пред македонската јавност лаже дека така не тераат од Европа иако тоа не е точно.

Ќе предупредам и на еден процес кој се обидува власта да го води, а тоа е да каже дека Европа така не тера. Не е точно. Не не тера Европа, тука не смееме да потпаднеме на таа провокација од страна на власта, нивната неспособност да ја покријат со барањето дека Европа не тера. Не не тера, Европа има чесни намери и ги отворила вратите за Македонија. Јас верувам во тие намери, но знам кој има нечесни намери, а тоа има владата во Софија и оваа наша некредибилна и корумпирана власт, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека затоа ВМРО-ДПМНЕ тука се спротивставуваше и ќе продолжи да се спротивставува на овој процес каде единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација.

Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници кои ќе гласаат. Нема такви, по цена на мојата професионална и политичка кариера, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişbaywingrandpashabet giriş