На 9 април 1873 година од Солун во Велес пристигнал првиот воз, а два века подоцна Македонија речиси е изолирана во железничкиот сообраќај со остатокот од светот.

Работничкиот совет на Македонските железници на 8 април 1994 година усвоил одлука со која 9 Април го прогласил за Ден на македонските железници.

Велешката железничка станица е најстарата во Македонија и првиот воз пристигнал токму тука, на 9 април 1873, од Солун. Низ годините таа ја менувала местоположбата и изгледот. Таа беше реновирана за време на претходната власт,а од Велес патниците патуваат најмногу до Скопје, а помалку за Битола, Гевгелија или Кочани и попатните станици од овие насоки.

Првата станица во Македонија е направена близу Стар Мост во 1873, кога возот прв пат минал низ Македонија и железницата прв пат проработела. Велешката станица како централен железнички јазол била постојано мета на уништување низ сите војни на овие простори.

Срушена била во Првата светска војна, па повторно изградена и пуштена во употреба во 1921 година. И таа зграда била срушена во Втората светска војна па обновена.

За време на претходната власт беа обновени повеќе железнички станици во Македонија, беа набавени нови гарнитури возови, но за жал Македонија веќе не е поврзана со меѓународни возови, како што имало во минатото.

Денес, пак, бројот на возовите во Македонија е сведен на минимум и низ државата. Со децении се гради и пругата кон соседна Бугарија, а најголеми резултати во „изградбата“ се „постигнуваат“ за време на избори, кога ветувањата од политичарите се даваат брзо и лесно.

 

извор: Денешен.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.