После 5 години макотрпна борба и страдања, правдата за уставобранителите го виде светлото на денот. Елена Доцевска Божиновска, долгогодишен професионалец во Собранието на Република Македонија која беше неправдено притворена и гонета од власта на СДСМ оствари голема победа пред Европскиот суд за човекови права за злосторството што и’ беше направено.

Во тие денови, Елена, мајката на Наум кој тогаш имаше една година и на Софија која тогаш имаше две години, пред нивните очи и пред очите на сопругот Игор, во нивниот дом во Куманово, во раните утрински часови, како во најстрашен хорор филм, беше нападната од ордите на власта на СДСМ, кои ја тренираа својата авторитарна природа.

Ја добивме битката во Стразбур

Може да забави, но не и да заборави…

По повеќе од 5 години, стигна првата пресуда за 27 април од Европскиот суд за човекови права.

СЛАВА ТЕБЕ ГОСПОДИ!🙏🏻

Да живеат УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, напиша Доцевска Божиновска на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.