Власта избегнува да ја потврди бројката на пратеници од парламентарното мнозинство кои ќе гласаат за процесот на внесување на Бугарите во Уставот, велат од „А1он“.

Додека премиерот Димитар Ковачевски работи на убедување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за добивање поддршка за уставните измени, а министерот за надворешни работи, Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ тврдат дека паралелно се водат поединечни разговори со пратеници од опозицијата, „А1он“ дознава дека сите пратеници од владејачкото мнозинство нема да гласаат за уставните амандмани.

Извори на „А1он“ велат дека двајца пратеници на СДСМ нема да кренат рака за отворање на Уставот, а не се знае ниту конечниот став на „огнената“ група во ДУИ.

Целиот текст можете да го прочитате тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.