Во рамки на петтото продолжение на 64. седница на Собранието, пратениците расправаа Предлогот на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. По овој предлог во Собранието ќе се гласа кога ќе бидат создадени услови.

Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со оваа законско решение се прави рестрикција на мисловниот процес и информираа дека ќе поднесат амандмани по вака даденото законско решение. Пратениците од владејачката СДСМ, пак, оценија дека е отворена дебатата во Парламентот, во работните тела и не е во ред да се тврди дека на затворена врата се обидуваме да цензурираат слобода на говорот и цензура на говорот, кко што потенцираа пратениците од опозицијата.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи истакна дека оваа законско решение е неизменето, некорегирано, нецелосно и прави рестрикција на мисловниот процес.

Можеби сметаме дека во плејадата на закони кои што поминуваат низ Парламентот, ќе помине и овој незабележано, но кога-тогаш законот ќе застане на свои нозе меѓу јавноста. Очекувам од новинарската фела да го разгледа уште еднаш и да ги даде своите критики, како и целокупното општество, рече Мизрахи.

Заменик министерот за правда Агим Нухиу во реплика на пратеничката Мизрахи, рече дека овој Предлог на закон пред да дојде на пленарна седница поминал неколку фази.

Министерството за правда интервенираше и го прецизираше член 6 – за навреда одговара тој што со намера, со изјава, однесување, објавување или на некој друг ќе искаже за некој друг со определен интегритет едно деграридарчко мислење со кое што се нарушува репутацијата и угледот. Законот е создадено од членови од сите заинтересирани групи, вклучувајќи ги здруженијата на новинарите и синдикати, судии, универзитетски професори и не треба да се сомневаме во нивната компетентност во работната група. При формулирањето на овие одредби на законот за граѓанска одговорност се преземени и критиките на неколку извештаи посебно во делот каде се определува целта на законот за да не се ограничи слободата на изразување, што се однесува на финанскискиот износ, согласно со член 10 од Европската Конвенција за човековите права и Уставот на Република Македонија, рече Нухиу.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, Министерството за правда со овој закон има единствена цел да ги спаси функционерите од власта од јавната критика. Тој апелира и побара зборот „мислење“ од оваа законско решение да биде сменето со „тврдење“.

Во реплика на пратеникот Лефков, Нухиу рече целта на овој закон не е да се направи цензура врз слободното изразување и слободниот говор или да има барикади за да ги заштити државните функционери. Доказ дека овој закон гарантира поголема слобода на изразување и на мислењето, рече Нухиу, е и фактот дека ние намаливме нематеријалните штети кои ќе бидат за навреда и клевета да не биде поголем од 400 евра за новинарите.

Диме Велковски, пратеник на СДСМ, истакна дека основниот темел на ова законско решение е „правото на слободата на изразување е едно од темелните човекови права кое што е особено значајно за постоењето на демократското општество“. Тој посочи дека целта е да се подобри закононското решение.

Собранието денеска одржа и продолженија на две други седници, на кои на дневен ред беа неколку предлог на закони за кои расправата беше завршена поради очекување за нивно гласање или поради отсуство на нивен претставник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.