Тоа попладне во собраниската сала имаше повеќе пратеници од власта, отколку од опозицијата. И тоа што е суштината е дека, ако сакаме да имаме современ пратенички дом, ако сакаме да имаме демократски вредности е логично некој тоа што го видел независно од каде доаѓата, јавно и гласно да се осуди за да не стане пракса, изјави за Само вистина“ пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ и коалицијата за „За обнова на Македонија“ во врска со однесувањето на Талат Џафери кон собраниските службеници.
Пренџов потенцираше дека ако имате почитување помеѓу 120 пратеници и гледате девијантна појава и притоа молчите за истата, вие практично сте соучесник, а тоа не е 21 век и потенцираше дека правдата мора да излезе на виделина, а Џафери да одговара.
– Ние поднесовме пријава, ќе има и материјали кои се од МРТ, снимени и Панчо Минов најави дека следната недела ќе ја закаже комисијата и се зависи од волјата на пратениците. Нашите пратеници ќе сведочат, ма дали ќе сведочат тие од власта, ќе добијат покана. Ние ќе се бориме за собраниските службеници да ја истераат правдината на виделина, да им се даде извинување, а тој што им го направи тоа да одговара согласно кодексот за функционерите а претпоставувам дека тие луѓе се под страни притисоци, но ние нема дозволиме да им се случат други напади. Луѓето ниту се виновни ниту се должни тоа да им се случува на работно место, бидејќи тоа е класичен мобинг, потенцираше Пренџов.
Тој додаде дека во последниве 20 години функционерите на ДУИ се научени да судат и пресудуваат за другите политички чинители да кажуваат што е добро, а што не добро, но кога ќе се најдат во ситуација каква што е Џафери молчат 10 дена, ре
– Тоа што му се случува на ДУИ, ова е само почетокот, во идниот период многу колеги на Џафери ќе мора да се соочат со судот на јавноста и со сето ова што се случува изминативе 20 години. Зборувам за ДУИ како политички субјект, партија која постојано кажува кој за што бил и тие не се научени да бидат под критика на јавноста, и гледаме дека се кријат и ги нема, а на пример Џафери по природа не е молчалив човек и сака да си каже што мисли, истакна Пренџов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.