Патот од Солун кон Евзони е отворен пред 20ина минути, а во спротивен правец е се уште затворен за сообраќај поради пожар, соопшти грчката полиција.

Пожарот, според локалните грчки медиуми е локализиран. Претпладнето се запалило возило на автопатот, и пожарот се проширил на сува трева, па затоа полицијата го затвори сообраќајот и во двата правца пред околу три часа.


Тоа предизвика застој на граничниот премин Евзони-Богородица, а грчката полиција ги пренасочуваше возилата кон преминот Дојран каде што се формира долга колона возила.

Според инфо камерите на ЈП за државни патишта, влезот во Грција преку ГП Богородица попладнево се одвива тековно во три или четири колони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.