Пожар изби во зградата на кумановскиот основен суд. Пожарот бил пријавен ноќеска околу 2 часот по полноќ
Пожарникарски тимови се уште се наоѓаат на местото и го догаснуваат пожарот. Нема повредени.
Претседателката на судот Снежана Манева за Телма потврди дека е регистриран пожар во подрумскиот дел во една од просториите. Во тој дел на судот се наоѓа архива од предмети од минатото.
Се уште чади и се расчистува. Не знаеме засега кои се причините, дали е подметнат или е од електрична инсталација. Тоа ќе покаже истрагата. Зафатена е една подрумска просторија, ни рече Манева.
Во зградата се наоѓа и основното јавно обвинителство како и неколку јавни претпријатија. Судот во Куманово се наоѓа во непосредна близина на полициската станица и на зградата на општина Куманово.
Од ЦУК известија за пожарот:
Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Кумнаво од 01:35 часот интервенира на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот. Во гаснењето на пожарот интервенирале 7 пожарникари со 2 ПП возила. Пожарот е локализиран, но една екипа од ТППЕ Куманово се уште е на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.