На повеќе од 65 илјади вакцини од производителите „Фајзер“ и „Астра Зенека“ рокот за употреба им е истечен и тие ќе се уништуваат во „Дрисла“.
Потребно е Комисија од Министерството за здравство и Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) да направат попис и да достават барање до „Дрисла“ за нивно уништување.
Досега ниедна вакцина против ковид-19 не била запалена во печките на депонијата.
Директорот на ЈКП „Дрисла“ Јане Мицевски досега не добил барање за уништување вакцини. Во оваа депонија, и според претходниот директор Коста Начевски, досега не е уништена ниедна вакцина.
Од Министерството за здравство за „Слободен печат“ велат дека сите вакцини што се користат во моментов се безбедни. Вакцините на кои им поминува рокот, според утврдена процедура прво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување во соработка со МАЛМЕД и од фирма овластен уништувач. Бројот на вакцини што се повлекуваат од употреба не е фиксен и се менува на дневна основа, уверуваат оттаму.
До овој момент е добиена дозвола за уништување 65.978 дози вакцини против ковид-19 со изминат рок на употреба. Вакцините се производ на „Фајзер“ и на „Астра-Зенека“. Уништувањето на вакцините се реализира по прецизно утврдена законска процедура. Во моментот дневно се вакцинираат околу 2 илјади лица. Неодамна пристигнаа 250 илјади дози од вакцината „Фајзер“, донација од Република Италија, преку КОВАКС механизмот – објаснуваат од Министерството за „Слободен печат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.