Денес, 22.02.2024, четврток со почеток во 16:30 часот Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во улога на Национален координатор за распределба на странска помош во Република Македонија, ќе присуствува и ќе има свое обраќање на церемонијата за потпишување на Договори за странска помош од Јапонија.
На церемонијата ќе се потпишат 5 проекти со кои Владата на Јапонија ќе обезбедува поддршка за реализација на Грант програми за мали проекти за основни човекови потреби.
На церемонијата нивни обраќања ќе имаат и Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, Министерот за здравство, Илир Демири и Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.