Oд ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека изгореното Ауди во дворот на Груби отворило сомнежи за тежок криминал, злоупотреба на службена должност и трговија со влијание. Од партијата велат дека всушност, еден криминален чин на виделина извадил друг, но дека Јавното обвинителство молчи како да има дадено омерта, колку и да звучи тоа парадоксално.

Аудито кое е запалено го поседувала компанија на близок пријател на Артан Груби. Оваа компанија по багателна сума од 55.000 евра купува хотел на Попова Шапка од градежна компанија која во меѓувреме добива милионски тендер од владата во која Артан Груби е вицепремиер. Како круна на се Артан Груби добива право на користење на аудито 8 дена откако фирмата која му го дава купува хотел на Шапка по багателна цена“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат „зарем во тоа нема ништо сомнително за обвинителството“?

Кој дава туку така вакво луксузно возило на користење, ако се има предвид дека го купил 80.000 евра?! Дали Груби го искористил своето влијание за милионскиот тендер, дали барал градежната компанија која го добила тендерот да му го продаде хотелот на Попова Шапка по багателна цена на компанијата на својот пријател и на крајот дали за ваквиот бизнис Груби бил честен луксузно возило? Овие прашања Груби очигледно не ги одговара, но Јавното обвинителство е по службена должност е повикано сето ова да го испита. Овде смрди на матна зделка, која ако не сега во иднина ослободените правосудни институции ќе ја проверат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.